171
Пред Македонија се два квалификациски натпревари, најпрво гостуваме на Израел, а потоа ја пречекуваме Албанија на стадионот „Младост“ во Струмица.
Еден од фудбалерите кои во моментов се во најдобра форма е Езгјан Алиоски, кој изминатиот викенд го постигна својот деби гол за Лидс.
„Јасно е дека не очекува тежок натпревар, но ние одиме на три бода. Во овој македонски тим има квалитет, младите фудбалери носат нова енергија и се надевам дека конечно и резултатски ќе поминеме добро. Сакам да постигнам гол, но на крајот тоа е помалку важно, најбитно е да победиме, сеедно кој ќе биде ефикасен, вели Алиоски.