Според турскиот „Таквим“, Фенербахче испратил конкретна понуда до Алиоски, но не е познато колку е висока таа. Фенер е последниот тим од Турција кој се поврзува со македонскиот играч, претходно се споменуваа Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор.
Но има информација и дека ЦСКА Москва му нуди богат договор на Алиоски, годишна плата од 2,5 милиони евра со која би станал нашиот најплатен фудбалер во моментов.
Алиоски на маса има и понуда од Лидс за продолжување на неговиот престој во Премиерлигата.
Во зависност од неговиот настап против Холандија, не се исклучува можноста да добие уште некоја понуда во текот на следната недела.
Како и да е, Алиоски ќе бира од повеќе понуди, останува да видиме што ќе реши, дали ќе остане во Лидс или ќе замине во друго првенство.