Македонија по
подолга пауза повторно има чест да ги следи возбудувањата во Премиерлигата, а
истовремено и по некоја гледна точка да навива за свој репрезентативец во
според многумина, најсилното фудбалско првенство во Европа.
Иако постоеа
големи дилеми околу тоа дали Езгјан Алиоски ќе биде во приоритетниот избор на
Марсело Биелса во однос на почетниот состав на Лидс сезонава во Премиерлигата,
Македонецот се избори за место во првите 11 по извонредните перформанси кои
веќе ги прикажа.
Биелса тргна со „топло-ладно“
одлуки за минутажата на Алиоски, па во првите пет кола нашиот репрезентативец
запиша само три настапи, од кои на едниот одигра само една минута, а на другите
два по 20, односно 45 минути, на два воопшто го немаше на теренот.
Меѓутоа, работите
целосно се променија во гостинската победа кај Астон Вила со 0-3, каде
популарниот „Џани“ беше незадржлив на теренот кај гостите, а откако одигра
девет минути во поразот од 1-4 дома против Лестер, следеа три меча по 90 минути
за Македонецот, каде особено импресионираше во ремито без голови против Арсенал
каде беше прогласен за играч на мечот, а изнуди и црвен картон за гостите
откако Николас Пепе ги загуби нервите и наседна на провокацијата.
Меѓу другото, ќе
наведеме и дека учинокот на Алиоски мошне добро го распознаваат и неколкуте
илјади натпреварувачи од нашата земја во Фантази Премиерлигата (која брои над
10,000 натпреварувачи од Македонија), па доколку го подготвувате тимот за претстојното
12 коло, би било убаво и да проследите еден доста интересен статистички податок
за Алиоски.
Алиоски
статистички има креирано три големи прилики за гол во играта на Лидс сезонава,
а во однос на тој дел е израмнет со Ектор Бељерин од Арсенал, Ришарлисон од
Евертон, Рис Џејмс од Челси, како и Сон од Тотнем кој игра во животна форма, а
интересно е тоа што истата бројка досега ја запишаа и Тимо Вернер од Челси,
односно Вилфред Заха од Кристал Палас.

