„Алиоски има енергија да трча цел ден, но…“

by
2 минути читање

Ноел Велан во
изјава за „Фудбал инсајдер“ вели дека шефот на стручниот штаб на Лидс, Марсело
Бјелса не е задоволен од изданијата на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Поранешниот
напаѓач на тимот од „Еланд Роуд“ верува дека Бјелса не е задоволен од
перформансите на Макаедонецот, а тоа особено се потврдило во поразот кај Чарлтон
изминатиов викенд, каде популарниот „Џани“ беше заменет уште по првото
полувреме, инаку тој често беше ротиран како бек, односно крило од страна на
аргентинскиот фудбалски стратег.

Тој го извади од
игра на полувремето против Чарлтон и се префрли на тројца во дефанзивната
линија, сето тоа доволно говори дека Бјелса не е задоволен од него
“ изјави
Велан кој работи како соработник за „ББС Радио Лидс“.

Алиоски има
голема енергија и може да трча цел ден, но, кога говориме за неговите
перформанси во дефанзивниот ред, тој често знае да биде под нивото кое се бара
од него, Бјелса е загрижен за таквите дефанзивни ситуации со кои се соочува, и
треба да биде, Бери Даглас е подобра опција на левата бековска позиција
“ додава
Велан.

Алиоски има
многу што да понуди на теренот и секогаш можете да извлечете 100% од него, но
Бјелса веројатно размислува на тоа дека мечот против ВБА е идеална можност за
промени во тимот, а натпреварите доаѓаат мошне брзо, сите знаеме дека Бјелса не
сака да ротира, ниту пак да прави измени, меѓутоа ова е очигледна одлука која
ќе ја донесе
“ заклучи Велан.

27 годишниот
македонски репрезентативец сезонава забележа шест настапи во Чемпионшиплигата,
две како замена од клупата за резерви, а постигна и еден гол во досегашните
изданија. Лидс во моментов се наоѓа на четвртото место на табелата во
Чемпионшип дивизијата на Англија со 17 освоени бода од 9 кола, заостанува само
два бода зад лидерот ВБА, тим со кого ќе ги одмери силите утревечер на домашен
терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×