Алиоски го брка првото признание, Македонецот дел од тројцата кандидати за Гол на месецот во Чемпионшип (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Езгјан Алиоски
одлично ја започна авантурата на „Островото“, со своите изданија ги освои
симпатиите на фановите на Лидс за кратко време, и веќе запиша неколку
асистенции и деби погодок.

Тој постигна убав
гол од врвот на шеснаесетникот против Нотингем Форест, и овој погодок може да
му го донесе првото признание.

Македонецот е
номиниран во изборот за Гол на месецот во Чемпионшип, и за оваа индивидуална
награда ќе се бори со Андреас Бухалакис од Нотингем Форест и Аднре Грин од
Астон Вила.


Тој во моментов
има најмногу гласови, а анкета која ја спроведува Скај Спортс можете да ја
најдете на следниот линк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×