Алиоски е решението за Лидс во походот кон пласман во Премиерлигата, пишуваат медиумите на Островот

by
1 минути читање

Нашиот
репрезентативец и член на англискиот Чемпионшиплигаш Лидс, 25 годишниот
офанзивец Езгјан Алиоски е во фокусот на вниманието на Островот, тој овој пат
се најде во анализата која ја подготви „
The72“ во која се пишува за тоа како тимот на Лидс може
да се избори за место во елитното друштво, а за тоа решение се гледа токму во
Алиоски.

Езгјан Алиоски, решението за Премиерлигата?“ пишува во својот наслов претходно наведениот медиум.

Лидс ангажираше
одлични засилувања во текот на летниот преоден рок, не направи грешка, а еден
фудбалер се издвојува од сите останати
“ пишува медиумот мислејќи на нашиот фудбалер.

Македонскиот
интернационалец Езгјан Алиоски, познат како „Џани“, се чини дека е решението на
Лидс во потрагата по големо засилување ова лето

Алиоски има
одлично темпо во играта, знае како да ги измами противничките фудбалери и тоа
што е најважно создава големи шанси за својот тим, сево ова му недостигаше на
Лидс по заминувањето на Роберт Снодградс од Еланд Роад, за да игра во
Премиерлигата
“ се вели во анализата.

Меѓудругото,
истиот медиум наведува дека нашиот фудбалер има огромен капацитет во себе за да
биде играч број еден за тимот од Еланд Роад доколку продолжи во исто темпо.

Инаку, деби голот
на Алиоски против Нотингем Форест во Чемпионшиплигата е во изборот за најубав
гол за месец август во оваа конкуренција.

Извор: the72.co.uk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×