Лидс е во мини криза на резултатски план, тимот на Томас
Кристиансен тргна добро во новата сезона од Чемпионшиплигата, тоа навестуваше
континуитет во добрите резултати, но потоа се сведе на пет порази и една победа
во последните шест натпревари.
Фановите на англискиот второлигаш бараат многу повеќе од
нивниот клуб, па постојано даваат и сугестии на фудбалерите на тимот од „Еланд
Роуд“ за нивните недостатоци на натпреварите.
Нашиот 25 годишен репрезентативец и член на Лидс, Езгјан
Алиоски во претходниот меч против Шефилд јунајтед играше се до 70. минута кога
беше заменет, при резултат 1-1, само десет минути подоцна гостите ги поставија
конечните 1-2 на мечот во нивна корист.
Одредени медиуми на Островот пишуваат дека популарниот „Џани“
твитнал погрешен ривал за вечерва, и тоа Милвол, но подоцна се поправил и го
најавил мечот со Дерби во рамките на 15. рунда натпревари од Чемпионшиплигата.
Фановите ја регистрираа таа грешка на Македонецот, некои
му забележаа на тоа, а некои му даваа сугестии за вечерашниот меч кој стартува
во стандардниот термин од 20 часот и 45 минути.
Некои му велат да не се плаши од предизвикот да бие од
ситуација 50/50, некои побараа да има и почит кон останатите во тимот, со оглед
на тоа што наводно сите фотографии на социјалните мрежи му биле само од нему
лично, а некои пак го советуваа да ја додава топката во казнениот простор на
противниците, наместо да се обидува да мине петмина фудбалери од спротивниот
табор или пак да шутира од 50 јарди (45 метри).
Нашиот фудбалер на 12 настапи постигна еден гол за неговиот тим, а истиот беше прогласен и за гол на месецот во Чемпионшиплигата.
Извор: footballleagueworld.co.uk