Алими: Не е важно да дали 1-0, 3-0 или 5-0, бодовите треба да останат во Скопје!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Исник Алими ги изнесе своите очекувања за натпреварот против Лихтенштајн в недела во Скопје и како што потенцираше најважно во овој дуел е да се освојат трите бода.

Во натпреварот избраниците на селекторот Благоја Милевски влегуваат по поразот на пријателскиот натпревар од Саудиска Арабија со 2-1.

„Нормално, кога губиш не е добро. Саудиска Арабија е добар тим, а ние почнавме со неколкумина нови фудбалери во почетниот состав. Беше добар тест за нас, да видиме до каде сме и треба да анализираме што не беше добро за да не се повтори на следните натпревари. Сега секоја репрезентација е сериозна, но со Лихтанштајн ние треба да победиме, не е важно дали е 1-0, 3-0 или 5-0, најважно е бодовите да останат во Скопје. Тоа е целта за овој меч“, изјави Алими.

Натпреварот се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во терминот од 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×