Македонија утре со почеток од 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ја пречекува Бугарија во пријателски натпревар кој може да биде и последен пред настапот на Европското првенство.
„Секогаш е убаво чувството кога играме пред своите навивачи, тоа за нас секогаш е поттик повеќе. Добро работевме во изминатиот период. Знаеме дека како што се наближува Европското првенство и притисокот врз нас ќе станува се поголем, но не бегаме од одговорноста. Натпреварот против Бугарија е добра можност да се обидеме да ја продолжиме успешната низа. Бугарија има квалитетен состав и ќе биде одличен натпревар. За нас е важно да ги почитуваме насоките од стручниот штаб и се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Алексовски.