Алексис Санчез се договорил со Интер, уште еден играч на Јунајтед е на пат за Милано

by
1 минути читање

Според „Скај Спорт Италија“, агентот на Санчез отпатувал во Англија на завршни разговори со Манчестер јунајтед.

Тој се согласил да потпише за Интер, среќен е што ќе игра во Милано и ќе биде дел од Лигата на шампионите. Низ годините имал повеќе разговори со Антонио Конте со кој конечно ќе работи.

Трансфер експертот, Џанлука Ди Марцио вели дека Санчез прифатил за Интер да игра за значително помала плата од таа која ја добивал во Манчестер јунајтед.

Се шпекулира дека договорот ќе биде едногодишна позајмица со опција целосно да биде откупен по крајот на сезоната. Можно е откупот да биде задолжителен доколку се остварат одреден број на настапи.

Интер веќе купи играч од Манчестер јунајтед ова лето, Ромелу Лукаку, ако се биде како што се пишува во Италија, наскоро и Санчез ќе го облече сино-црниот дрес.

Тој главната промоција ја имаше токму во италијанската лига играјќи за Удинезе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×