Алексис Санчез постигна гол по пет месеци, Чиле убедлив против Јапонија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во вториот
натпревар од групата Ц, Чиле ја оправда фаворитската улога и ја совлада
Јапонија. „Самураите“, кои по втор пат добија покана да играат на Копа Америка,
во Бразил пристигнаа со млади и неискусни играчи, па не можеа да му се
спротивстават на актуелниот шампион.

Резултатот беше
отворен кон финишот на првиот дел кога Пулгар скокна највисо по еден корнер и
погоди за 1-0. На стартот од вториот дел, Варгас биеше од врвот на
шеснаесетникот, топката закачи еден дефанзивец на Јапонија и заврши во аголот
за 2-0.

Во финишот од
мечот, популарната „Ла роха“ постигна уште два гола. Најпрво Алексис Санчез
конечно погоди по пет месеци откако добро се уфрли на подалечната статива и со
глава биеше за 3-0 во 82. минута. Само 60 секунди подоцна, Санчез одлично му
асистираше на Варгас кој го лобуваше истрчаниот голман за конечни 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани