Алексис Санчез му ја разубави вечерта на еден млад фан (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Топчиите“ по
пауза од три месеци забележаа победа на гостински терен во Премиерлигата.

Арсенал вчера
славеше со 1-2 на гостувањето кај Мидлзбро со головите на Алексис Санчез и
Месут Озил.

Чилеанецот го
отвори резултатот со одличен погодок од слободен удар, а потоа имаше и клучно
додавање во убавата акција по која падна победоносниот гол на Месут Озил.

Извонредната
партија на Риверсајд, Алексис Санчез ја круниса со одличен гест по последниот
судиски свиреж.

Напаѓачот се
упати кон трибината каде беа сместени гостинските навивачи и на еден млад фан
му го подари дресот кој го носеше на средбата со Мидлзбро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани