„Алексис Санчез му го научи името” – Мурињо со пофалби за перформансите на младиот Туанзебе

by
1 минути читање

„Специјалниот“ попладнево направи неколку промени во составот и одмараше
играчи за дуелот со Селта во Лига Европа.

Португалецот му даде шанса на 19 годишниот Аксел Туанезбе да дебитира во
Премиерлигата, и тоа како десен бек, иако неговата природна позиција е
централен дефанзивец.

Младиот фудбалер имаше задача да го сопре Алексис Санчез, кој е најдобар
играч на „Топчиите“ оваа сезона.

Аксел Туанзебе заврши одлична работа, Алесис Санчез беше тивок во
поголемиот дел од натпреварот, па Жозе Мурињо имаше пофални зборови за младинскиот репрезентативец на Англија.

„Туанзебе беше
одличен, заврши неверојатна работа
– вели менаџерот на Манчестер јунајтед.

„Мислам дека
Алексис Санчез му го научи името
.

„Детево одигра
навистина добро
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани