Фудбалерот е
обврзан кон „Топчиите“ до 30. јуни 2018 и преговорите за продолжување на
соработката тапкаат во место.
Често се говори
за негово заминување од Емирати, но во моментов единствена опција е Манчестер
Сити.
Баерн Минхен се
откажа од Алексис Санчез поради превисоката цена, а ПСЖ реши да се фокусира на
други цели.
Арсен Венгер одбива да го продаде играчот на ривал од Премиерлигата, и покрај
тоа што „Граѓаните“ се спремни да платат 50 милиони фунти.
Последните
информации велат дека Алесис Санчез сепак би можел да остане, но за да ги одбие
Пеп и Сити, бара две работи од „Топчиите“.
Според ЕМОЛ, Арсен
Венгер ќе мора да му понуди неделна плата од 300.000 фунти и да му даде
ветување дека составот ќе биде значително засилен со неколку нови имиња за
Арсенал да може да се бори за титули.
Во меѓувреме,
уште еден медиум од Чиле пишуваше за иднината на Алексис Санчез.
Ла Терсера
пренесе дека Алексис Санчез решил да остане и да го одработи договорот со
Арсенал, но без гаранции дека ќе ја продолжи верноста и со можност следното
лето да замине како слободен играч.