Александер-Арнолд: Ван Дајк има само една мана…

by
1 минути читање

Трент
Александер-Арнолд се пошегува на сметка на својот соиграч од редовите на Ливерпул,
еден од најдобрите дефанзивци во светот Вирџил Ван Дајк, а таа негова „мана“ се
наоѓа на врвот од главата на Холанѓанецот.

Запрашан од
страна на поранешниот фудбалер на Хал, Дејвид Мејлер, да го опише Холанѓанецот,
Александер-Арнолд беше краток во својот одговор, „тој е најдобриот“, беше
неговиот коментар, а воедно додаде и една „мана“ кај својот соиграч.

Тој едноставно
нема слабост на теренот, никогаш не сум видел такво нешто претходно, освен
неговата коса, премногу е мрсна!
“ додаде Англичанецот за време на евент поврзан
со лансирањето на „ФИФА 20“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×