Медиумите од „островото“ шпекулираат со враќање на Трент Александер Арнолд, навивачите на Ливерпул ќе бидат дополнително разочарани, десниот бек се поврзува со преселба во Манчестер Сити.
Трент Александер Арнолд минатото лето одби да потпише нов договор со Ливерпул и се реши за авантура во Реал Мадрид.
Но работите не одат според планот, десниот бек се мачи со формата во белиот дрес, а и повредите го забавија неговиот прогрес на „Бернабеу“.
Во последно време се говори дека тој нема иднина во Мадрид, а денеска на „островото“ се појавија шпекулации за шокантен трансфер, кој само дополнително ќе ги разочара навивачите на Ливерпул.
Популарниот ТАА е на радарот на Манчестер Сити, „граѓаните“ немаат докажан играч на позицијата десен бек, каде често принудно игра Матеуш Нунеш.
Пеп Гвардиола исто така е голем фан на Александер Арнолд и во неколку наврати ги има пофалено неговите квалитети, и тоа што одлично може да се снајде и како фудбалер од средниот ред.