1,K
Реал Мадрид е на чекор до ангажман на десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, но трансферот нема да биде целосно бесплатен.
„Кралскиот клуб“ сака да го осигура потписот на Англичанецот пред да му истече договорот со Ливерпул на 30 јуни, бидејќи од 14 јуни до 13 јули го очекува настап на Светското клупско првенство. Според информации на ESPN, Реал ќе мора да му плати на Ливерпул симболична сума од еден милион евра како компензација.
Покрај Трент, мадриѓаните сакаат што побрзо да го затворат и прашањето со новиот тренер – Чаби Алонсо, кој треба да го предводи тимот на турнирот во САД.
Реал Мадрид на Светското клупско ќе се натпреварува во група со Ал Хилал, Пачука и Салцбург.