Александер Арнолд ќе бара утеха во друг гигант?

by 24 фудбал
1 минути читање

Иднината на Трент Александар Арнолд во Реал Мадрид станува сè понеизвесна, а се погласни се најавите дека англискиот репрезентативец би можел многу брзо да се раздели со „кралскиот клуб“.

Десниот бек пристигна во Мадрид како едно од најзвучните засилувања на почетокот на сезоната, но не успеа да го оправда епитетот на големо засилување. Честите повреди, нестабилната форма и силната конкуренција придонесоа тој да не се наметне како стандарден избор во стартниот состав.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот Алваро Арбелоа веќе му ставил до знаење дека не влегува во неговите долгорочни планови и дека слободно може да започне потрага по нова средина. Тоа дополнително ги засили шпекулациите околу неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Интерес за Александар Арнолд наводно покажале неколку европски гиганти, меѓу кои се издвојува Баерн Минхен, а во трката би можеле да се вклучат и неколку клубови од Премиер лигата кои внимателно ја следат ситуацијата.

Англичанецот има договор со Реал до летото 2031 година, а неговата пазарна вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 70 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×