Александар Трајковски со гол во последните секунди го спаси Хајдук! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше стрелец и херој на Хајдук во ремито против Локомотива Загреб (1-1) во Хрватската прва лига.

Иако тимот од Сплит го испушти врвот, со ова реми остана на бод зад Ријека на табелата. Херој беше Трајковски кој во 98. минута од средбата го постигна единствениот гол на својот тим. Македонецот доби нафрлување од Ливаја и со глава погоди за конечните 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани