Трајковски ретко добива шанса за настап во Мајорка иако тие играат во втората шпанска лига, но тој импресионираше на мечевите на македонската репрезентација па го привлече вниманието во Италија каде што е добро познат.
Весникот од Џенова „Секоло XIX“ тврди дека Балардини посакува раководството на клубот да му го донесе Трајковски како летно засилување.
Не се очекува Мајорка да бара големо обесштетување бидејќи Трајковски не игра, а добива плата од околу 600.000 евра годишно, па со негово заминување ќе можат да ја пренаменат оваа сума за нов фудбалер.
Ако Трајковски потпише за Џенова, се уште не е јасно дали ќе му биде соиграч на Пандев бидејќи не се знае дали капитенот на Македонија ќе стави крај на кариеирата или ќе продолжи уште една сезона. Како и да е, се очекува Пандев да биде во клубот и откако ќе престане да игра фудбал, има понуда за функција во Џенова.