Александар Митровиќ завршува со „печалбата“ и се враќа во Англија?

by 24 фудбал
1 минути читање

Александар Митровиќ е пред заминување од Ал Хилал ова лето, откако новиот тренер Симоне Инзаги очигледно не го гледа во своите планови.

Бирмингем е првиот клуб кој испрати официјална понуда за српскиот напаѓач, што ги зголемува шансите трансферот да се реализира.

Иако други клубови покажале интерес, засега само англискиот тим официјално се заинтересирал за Митровиќ. Тој е во последната година од договорот со саудискиот клуб, па Ал Хилал веројатно ќе бара финансиска компензација за неговото заминување.

Митровиќ во Чемпионшип ја имаше најдобрата фаза од кариерата играјќи за Фулам, па враќањето во Англија би можело да му донесе нова енергија и шанса за повторен успех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×