Александар Коцев се врати во Беласица

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Беласица објави ново засилување во тимот, во името на повратникот Александар Коцев.

По шест месеци надвор од тимот и терените 21-годишникот се враќа во струмичкиот второлигаш. Клубот најави дека тој ќе биде капитално засилувања за втората полусезона.

Коцев настапува на позицијата дефанзивен играч за врска. Тој како младо момче почна во тогашна Академија Пандев, а во 2017 се пресели во Беласица. Во првиот тим заигра на 16 години и веќе има преку 100 натпревари во струмичката екипа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани