Алекс Златков од Шкупи се пресели во втората словенечка лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија до 21 година Алекс Златков замина од Шкупи и кариерата ќе ја продолжи во Словенија. 

Златков се договори и стави потпис на договор со словенечкиот второлигаш Бриње. Клубот го промовира македонскиот играч за врска како засилување за втората полусезона, откако првата ја заврши на петтата позиција на табелата. 

Оваа сезона Алекс Златков имаше само еден настап за Шкупи и тоа како резервист. Минатата сезона во пролетниот дел играше како позајмен во Македонија Ѓорче Петров. Ова 22-годишно момче кое има и словенечки пасош тргна во младинските тимови на Триглав од Крањ, а во 2022 година пристигна во мак-фудбалот.

За Македонија У21 Златков одигра 19 натпревари и важеше за огромен талент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани