Извесно е дека
нема место за Мауро Икарди во Интер, меѓутоа прашање е каква е иднината на
Аргентинецот во дресот на ПСЖ, каде игра како позајмен од редовите на „Нероаѕурите“.
Се шпекулира дека
ПСЖ би сакал да ја искористи приликата со Икарди, за да дојде до двоецот Миралем
Пјаниќ и Алекс Сандро од Јувентус, клуб кој од поодамна е загреан за услугите
на аргентинскиот напаѓач.
ПСЖ има опција да
го откупи договорот на Икарди со Интер за 70 милиони евра, а „Газета дело Спорт“
објаснува дека спортскиот директор на францускиот првак Леонардо има во план да
разговара со директорите на Јувентус, Фабио
Паратичи и Павел Недвед, за да пронајде солуција која би ги задоволила
обете страни.
Во францускиот
првак од поодамна имаат интерес за Пјаниќ, а Сандро е помеѓу главните кандидати
да биде приклучен во евентуален договор во вид на трампа помеѓу двата клуба.