Алегри започнал преговори за враќање на клупата на поранешниот клуб?

by Стефан
1 минути читање

Maсимилијано Алегри и понатаму е без клуб по напуштањето на Јувентус, а според последните информации од Италијан искусниот стратег би можел да се врати на клупата на Милан.

На Сержо Консеисао не му оди најдобро и „росонерите“ со него немаат резултати какви што се очекуваше. Очекувањата се сигурно Консеисао да добие отказ на крајот од сезоната, но не е исклучена можноста отказот да дојде и порано.

Наводно, раководството на Милан веќе одржало телефонски разговор со Алегри кој бил расположен за опцијата да се врати на клупата на „црвено-црните“.

Се истакнува и дека Алегри бил забележан на средба со Фабио Партичи кој би можел да биде нов спортски директор на Милан.

Во минатото Алегри веќе еднаш го освои Скудетото со Милан во 2014 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани