Тренерот на Милан, Макс Алегри вели дека тие заедно со Наполи, Рома и Јувентус ќе се борат за топ четири, додека Интер е неприкосновен на врвот.
Ова може да биде викенд во кој ќе Интер ќе се одлепи на врвот, „нероаѕурите“ вчера со 6-2 ја совладаа Пиза и сега мирно можат да ги гледаат дерби натпреварите Јувентус-Наполи и Рома-Милан.
Во пресрет на гостувањето во Рим, Макс Алегри беше запрашан за амбициите, а тренерот на Милан целиот фокус го стави на Интер.
„Не сум изненаден од тоа што Рома е во топ четири, очекував дека ќе бидат тука со Гасперини на клупата“ – вели Макс Алегри.
„Четири клуба ќе се борат за три места, не го бројам Интер. Им оди навистина добро и тие целат кон 90 бода“.
„Се надевам дека клубовите кои играат во Европа ќе имаат добра сезона, па Италија ќе има пет места во Лигата на шампионите, во спротивно некој ќе остане разочаран“.