150
Уште од почетокот на оваа сезона се шпекулираше дека ова е последна кампања за Масимо Алегри на кормилото на Јувентус.
Зидан беше прв кандидат за негов наследник, но откако Французинот се врати во Реал Мадрид, спласнаа шпекулациите за нов тренер на Јувентус.
По синоќешниот пораз од Ајакс, Масимо Алегри изјави дека тој останува во Јувентус и следната сезона.
„Веќе зборував со претседателот, ќе останам во Јуве и следната сезона која веќе почнавме да ја планираме“, изјави Алегри.
Јувентус во следното коло од Серија А би требало да го заверат осмото Скудето по ред, потребен им е само бод против Фиорентина на свој терен.