Медиумите од Италија пренесуваат дека Макс Алегри побарал 14 милиони евра бруто за добиениот отказ, од таборот на Јувентус веднаш му одговориле негативно.
Макс Алегри доби отказ од Јувентус по триумфот во финалето во Купот на Италија, но приказната не е завршена, двете страни се во постојана комуникација со оглед на тоа дека стратегот имаше уште една година од договорот.
Денешното издание на Газета дело Спорт објави дека Макс Алегри побарал компензација од 14 милиони евра бруто, што е значително помалку од сумата од 20 милиони евра бруто која му следува според договорот.
Но Јувентус веднаш одговорил негативно. Се верува дека „старата дама“ ќе игра цврсто за што е можно повеќе да ја намали сумата.
Во меѓувреме, Макс Алегри е подготвен што поскоро да најде компромис со цел да биде слободен за почеток на нова авантура, клубови од Саудиска Арабија веќе тропаат на неговаат врата.