Алегри откри како Роналдо се чувствува откако УЕФА го прогласи Модриќ за најдобар

by
1 минути читање

УЕФА вчера ги
прогласи најдобрите за сезоната 2017/18, Кејлор Навас беше прогласен за
најдобар голман, Серхио Рамос за најдобар дефанзивец, Лука Модриќ за најдобар
фудбалер од средниот ред а Кристијано Роналдо за најдобар напаѓач.

Но ЦР7 не стигна
до најважната награда, фудбалер на годината, европската куќа на фудбалот овој
епитет му го додели на Лука Модриќ.

Португалецот не
беше во Монако, па љубителите на фудбалот не можеа да ја видат неговата
реакција. Прв кој се огласи беше неговиот агент, Жорж Мендеш „распали“ и порача
дека изборот е смешен и срамен.

Денеска со коментар
излезе и Макс Алегри, стратегот се појави на прес пред дуелот со Парма и
неизбежни беа прашањата за изборот на УЕФА.

„Роналдо е бесен,
тоа е нормално бидејќи минатата година постигна 15 погодоци во Лигата на шампионите
и, заедно со Модриќ, стигна до третиот трофеј во три години. Во кратки црти,
тој е бесен и вознемирен. Но ова покажува дека сака да продолжи да биде
најдобар, се уште е гладен за успех. Тоа што не се појави во Монако беше негов
личен избор кој мораме да го почитуваме. Што се однесува до мене, јас можам
само да кажам дека тој беше прв стрелец во Лигата на шампионите и го освои
трофејот“
– вели тренерот на Јувентус. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×