Алегри објасни зошто Роналдо се мачи да постигне гол во Италија

by
1 минути читање

Масимилијано
Алегри е сигурен дека Кристијано Роналдо ќе се пронајде себе си во Серија А и
ќе погоди за Јувентус, откако Португалецот чека на првиот гол цели 270 минути.
33 годишната ѕвезда ги одигра сите три меча и имаше статистика на обиди како
никој друг фудбалер, но, без успех.

Статистиката
покажува дека во воведните три кола Португалецот имал 23 обиди да ја затресе
противничката мрежа, тоа засега не му успеа, а шефот на стручниот штаб на
Старата Дама ја објасни таа ситуација.

Италијанскиот
фудбал нуди различни проблеми, потребно е време
“ вели тој.

Серија А е лига
каде екипите се бранат мошне внимателно. Не би сакал да коментирам дека тука е
најдобрата игра на тој план во однос на останатите лиги низ Европа. Можеме само
да потенцираме дека екипите се премногу силни во дефанзивната линија и тренерите
се многу добри
“ додаде Алегри.

Тие го
анализираат мошне добро секој меч, и сето тоа за да не се отвори простор за
останатите екипи. Сите ја потценуваат Серија А, но во оваа лига е многу тешко
за еден фудбалер да постигна 40 погодоци во сезона, Игуаин еднаш го стори тоа,
но истото беше еден врвен подвиг
“ посочи тренерот на Старата Дама.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×