Алегри не е задоволен – може да замине од Милан?!

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри би можел да размисли својата иднина на клупата на Милан по завршувањето на сезоната, пренесува „Спортиталија“.

Незадоволството кај искусниот тренер, според медиумот, се должи на случувањата околу засилувањата и комуникацијата со раководните структури. Уредникот на еден од најпознатите италијански медиуми, Микеле Кришитело, открива дека односите меѓу двете страни се сериозно нарушени, особено по разочарувачките резултати против Комо и Парма.

Сепак, засега нема конечна одлука. Алегри планира во наредниот период темелно да ја анализира ситуацијата во клубот, по што ќе пресече дали ќе ја продолжи мисијата во Милано или ќе побара нов предизвик.

Неговиот актуелен договор е со важност до јуни 2027 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Во меѓувреме, „росонерите“ се наоѓаат на втората позиција во домашното првенство, но со значајна негатива од десет бодови зад градскиот ривал Интер, што дополнително ја зголемува тензијата во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×