Алегри му се заканил на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

by bojan
1 минути читање
Алегри

Директорот на „Тутоспорт“, Гвидо Вачаго се пожали дека бил навредуван од Макс Алегри и добил закани од тренерот на Јувентус.

Јувентус синоќа ја совлада Аталанта во финалето и се радуваше на трофеј во Купот на Италија.

„Старта дама“ има турбулентна сезона во која често се пишуваше за отказ на Макс Алегри, па стратегот денеска е една од топ темите.

Тој имаше мала расправија со спортскиот директор Кристијано Џинтоли и го бркаше од прославата, а сега на негова адреса пристигнаа сериозни обвинувања од директорот на весникот „Тутоспорт“.

Гвидо Вачаго се пожaли дека бил навредуван и добил закани од Макс Алегри.

„Ти си го*но од директор, почни да ја пишуваш вистината а не тоа што ти сервира клубот“ – викал Макс Алегри.

Новинарот се обидел да ја смири ситуацијата, но тренерот на Јувентус го турнал, го ставил прстот под нос и додал: „Знам каде да те најдам, ќе дојдам и ќе ти ги искинам ушите. Ќе дојдам и ќе те претепам. Пишувај ја вистината во твојот весник“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани