Милан попладнево соопшти дека Алексис Салемакерс ставил потпис на нов договор и се обврзал на соработка до јуни 2030 година.
Алексис Салемакерс две години беше испраќан на позајмица, прво во Болоња па потоа и во Рома, и кога се чинеше дека нема иднина во Милано, Макс Алегри му ја оживеа кариерата на Сан Сиро.
Фудбалерот од Белгија одговори на најдобар можен начин на укажаната доверба, се етаблираше како еден од најсигурните и најконзистентните фудбалери на „росонерите“ и беше стартер на сите 15 натпревари во Серија А.
Па Милан го награди со нов договор до 2030 година и тројно поголема плата.
Одредени извори пренесувааат дека Алексис Салемакерс во иднина ќе заработува околу 3 милиони евра по сезона, наместо сегашните 1 милион евра по сезона.
„Откако им се приклучи на „росонерите“ во јануари 2020 година, Алексис напредуваше од сезона во сезона, издвојувајќи се со својот професионализам, несебичност и силно чувство на припадност, олицетворувајќи ги вредностите на клубот и на теренот и надвор од него“ – се вели во соопштението на Милан.
ФОТО: X/AC Milan