Алегри ги објаснува промените во стартниот тим

by
1 минути читање

Јувентус одигра уште еден одличен натпревар во Лигата на шампионите победувајќи го Монако на негов терен со 2-0. Одбрана нема примено гол во елитното натпреварување дури 621 минута.

Масимо Алегри за овој меч отстапи од вообичаениот стартен тим и изненади со неколку промени. Дани Алвеш играше на крилната позиција во средниот ред, а неговото место како бек го завзема Андреа Барзаљи, Квадрадо остана на клупата и покрај одличните перформанси против Барселона. 

„Многу е едноставно. Сами Кедира беше суспендиран, а Монако е опасен од контра напади, ми требаше фудбалер кој може високо да маркира (Дани Алвеш). Исто така ми требаше играч кој е силен во воздухот како Барзаљи кој имаше фантастичен меч, бидејќи Клаудио Маркизио не е добар со глава“ – објаснува Алегри.

Алегри смета дека Пјаниќ има потенцијал да биде еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, но има психолошки проблем.

„Многу сум лут на Пјаниќ, бидејќи тој може да биде еден од тројцата најдобри играчи во средниот ред во светот, но секогаш кога ќе даде погрешен пас се однесува како да е крај на светот. Треба да остане смирен и релаксиран, бидејќи во спортивно само делумно го покажува својот потенцијал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани