Алегри ги објасни промените во тимот и призна: Сакав да го повлечам Роналдо од игра, но…

by
1 минути читање

Јувентус продолжи
да гази се
пред себе во
најсилниот италијански фудбалски шампионат, а синоќа „настрада“ Болоња, која со
пораз од 2-0 се врати од гостувањето во Торино.

Масимилијано
Алегри направи неколку промени во тимот, за синоќешната победа издвои дека
неговиот тим на техничко ниво играл одлично, а во второто тешко пробивал низ
центарот.

Тимот одигра
добро и ја докажа својата зрелост на теренот. Игравме одлично на техничко ниво
во првото полувреме, додека пак, во второто го користевме периметарот на
теренот премногу и не пробивавме низ центарот
“ рече Алегри а потоа се надоврза
и за промените кои ги направи, Старата дама играше со тројца дефанзивци, а
тактиката ќе се врати по старо, тврди тој, освен во дадени ситуации кога е
неопходна промена.

Имаме неколку
повредени фудбалери, морав да одморам некого, се обидов да ставам на тежина по
страничните позиции со Жоао Кансело и Хуан Квадрадо, ќе се вратиме на четворица
дефанзивци и ќе употребуваме тројца кога дадената ситуација ни налага такво
нешто
“ додаде тој.

Првата ѕвезда на
тимот, Кристијано Роналдо ги одигра сите 90 минути, а притоа асистираше во
погодокот на Матуиди за 2-0, претходно погоди Дибала, Алегри признава дека
сакал да го повлече од игра во второто полувреме, за да го одмори, но, желбата
кај Португалецот да продолжи и да се обиде да постигне гол била голема, но, на
крајот до тоа не дојде.

Сакав да го
одморам во второто полувреме, но кај него имаше голема желба да игра и да
погоди, многу е тешко да се игра во Италија и среќен сум за неговиот брз
напредок, тој има посебен начин во допирот со топката и тие детали од неговата
игра го прават шампион
“ заклучи искусниот италијански фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×