Aлегри ги израдува навивачите: Еден од најважните останува во тимот!

by Стефан
0 минути читање

Голманот на Милан, Мајк Мањан и во наредната сезона ќе брани во Милано, потврди тренерот на италијанскиот гигант Масимилијано Алегри.

Мањан пристигна во Милан во 2021 година од Лил, а летово на големо се поврзувааше со преселба во Челси, сепак тоа нема да се случи.

„Навистина сум среќен што Мајк одлучи да остане, тој е еден од најдобрите голмани во Европа и ќе продолжи да биде наш капитен“, изјави Алегри.

Покрај Лил, Мањан во кариерата беше дел само уште од Париз и трансферот  во Милан за него беше прв надвор од границите на Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×