Алегри е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Поранешниот
тренер на италијанскиот првак Јувентус, Масимилијано Алегри според
неофицијалните информации кои пристигнуваат се наведува како главен кандидат за
клупата на Манчестер јунајтед, односно да го наследи Оле Гунар Солшер.

Алегри се одлучи
на едногодишна пауза откако завршија неговите обврски кон „Старата дама“, а од
тогаш па наваму постојано се поврзува со Реал Мадрид и Барселона, сега како
опција за Италијанецот се појави и Манчестер јунајтед.

„Тутоспорт“ тврди
дека Манчестер јунајтед ќе повлече потег за 52 годишниот фудбалски стратег во
случај Премиерлигашот да не прикажува резултати онакви какви што се очекуваат
од него.

Дека евентуална
преселба на Алегри на Островот не е нешто чудно во најава, доволно говори
информацијата од летото каде медиумите објавија дека тој заминал за Лондон за
интензивни часеви по англиски јазик.

Освен Алегри, за
клупата на Манчестер јунајтед се наведува и Лоран Блан, поранешниот член на „Црвените
ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×