Стратегот на Милан, Масимо Алегри помина лесно за инцидентот на дербито против Наполи, ќе мора да плати 10.000 евра, што за него и не е голема сума.
Алегри во финишот на мечот ги загуби нервите и влезе во жесток конфликт со Габриеле Оријали од стручниот штаб на Наполи, но и со Антонио Конте.
Двајцата тренери не се поздравија по крајот на натпреварот, а Наполи тогаш излезе со соопштение за однесувањето на Алегри.
„Наполи остро го осудува однесувањето на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој за време на полуфиналето на Суперкупот на Италија во присуство на десетина луѓе на теренот и на телевизија во живо, сериозно го навреди Габриеле Оријали со навредливи и повторувачки изрази. Се надеваме дека таков напад нема да помине незабележано, особено затоа што со 33 камери е невозможно да не се сними што се случи“, гласеше соопштението на Наполи.
Сега стигна казната за Алегри, а таа изнесува 10.000 евра.