Aлбанскиот херој не бил казнет поради „двоглавиот орел“, казната е поради друга причина

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Албанија оствари голема победа против Србија од 1-0 во квалификациите за Светското првеенство и така се зацврсти на второто место, па сега пред Србите е речиси невозможна мисија да дојдат до мундијалски бараж.

Херој на Албанија на натпреварот кој се играше во Лесковац беше Реј Манај кој го постигна единствениот гол на средбата.

Погодокот, Манај го прослави со покажување на симболот на Албанија, „двоглавиот орел“. Подоцна тој доби и казна, па се мислеше дека токму пораади таквата прослава е казнет,  но тоа не било случај.

„Манај беше казнет заатоа што славеше пред клупата на противничката екипа и тоа судијата го оцени како непримерно однесување. Симболот кој го прикажуваше не беше причина за казна бидејќи го истакна само симболот на својата држава и тоа е дозволено“, изјави претседаелот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×