96
Де Бјази ја однесе албанија на првиот голем турнир во Историјата, Европското првенство во 2016, но минатата недела си поднесе оставка велејќи дека сака нови предизвици во животот.
Според „Скај Спорт Италија“, Албанската фудбалска федерација сака Филипо Инзаги да биде нов селектор.
Тој помина една сезона како тренер на Милан, а потоа го презема кормилото на Венеција и го однесе тимот од трета во втора лига.
Доколку Инзаги биде селектор, тој ќе ја води Албанија против репрезентацијата на Македонија, меч кој ќе го играме на домашен терен.