Албанија немоќна, Луис-Скели и Кејн го израдуваа Тухел на дебито (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Англија вечерва славеше победа од 2-0 против Албанија на дебито на Томас Тухел на клупата на „Гордиот Албион“.

Англичаните не славеа убедливо, но од почетокот до крајот на натпреварот имаа контрола на над натпреварот и Албанија не успеваше сериозно да се закани.

Резултатот го отвори Луис-Скели со голот во 20-тата минута со кој испиша и историја станувајќи најмладиот стрелец дебитант за Англија.

Тоа беше и единствениот гол по првите 45 минути, а конечниот резултат го постави Хари Кејн во 77. минута.

Во истиот термин вечерва во рамките од првото коло коло во квалификациите на Светското првенство се одиграа и уште четири натпревари:

Андора – Летонија 0-1

Малта – Финска 0-1

Полска – Литванија 1-0

Романија – Босна и Херцеговина 0-1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани