Албанија моли Хрватска да не го екстрадира Морина во Србија

by
1 минути читање

Морина минатиот месец бил уапсен во Хрватска на основа на потерница од Србија, а судот во Дубровник минатата недела одобри екстрадиција, па се очекува Албанецот да биде транспортиран во Белград.

По ваквите информации Албанија се крена на нога. Фудбалската федерација на Албанија преку соопштение ја повика владата да преземе се што е во можност за Морина да не стигне во Србија.

Се наведува дека Фудбалската федерација на Албанија дала ветување на семејството дека екстрадицијата нема да се случи.

„Во целост сме посветени на тоа да ги искористиме сите институционални и правтни работи за Морина да не оди во Белград“.

Се пишува дека навивачи во Албанија повикале на собир во Тирана со кој би се извршил притисок врз тамошната влада да реагира.

Морина живее во Италија и редовно ги посетува натпреварите на кои игра Албанија. Неговиот брат Џеваир се пожали дека владата во Тирна не посветува доволно внимание на Морина.

„Ја повикуваме државата Албанија да интервенира и да ја спречи екстрадицијата во Србија. Ние како семејство се подготвени да направиме нешто многу радикално што би ве изненадило“ – се закнува братот на Морина, Џеваир.

Морина во октомври 2014 година со помош на дрон истакна знаме на голема Албанија на стадионот во Белград за време на дуелот помеѓу Србија и албанската репрезентација. Се случија инциденти, мечот беше прекинат, а следуваа и казни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани