Србија доживеа шокантен пораз од Албанија на свој терен кој веројатно ќе ги чини губење на шансите за пласман на Светското првенство, резултатот беше 1-0 за Албанците.
Клучниот момент се случи во судиското продолжение од првото полувреме кога Манај даде гол за водство на Албанија од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
По постигнувањето на голот албанскиот фудбалер упати и провокација кон српските навивачи за што доби и жолт картон.
Србија се обидуваше, но не успеа да се спаси од пораз, а тој може да ја чини многу.
Сега Албанија има четири бода повеќе од Србија, Србите имаат натпревар помалку.
Албанија до крајот на квалификациите игра со Андора и Англија, а Србија со Андора, Англија и Летонија.
Според распоредот и бодовите, само некое големо изненадување може да ги качи Србите на второто место, во спротивно Албанија ќе обезбеди бараж.