2,2K
Продолжуваат проблемите за Дидје Дешам при подготовките за финалето во недела, двајца нови фудбалери „закачија“ вирус.
Како што пренесуваат медиумите, Рафаел Варан и Ибрахима Конате не се појавиле на денешниот тренинг поради настинка.
Кингсли Коман, кој имаше слични проблеми, исто така не работеше со преостанатиот дел од тимот. Поштедени беа и Орелиан Чуамени и Тео Ернандез, кои добија удари на дуелот против Мароко.
Дајот Упамекано и Адриен Рабио, кои беа први жртви на вирусот, се чувствуваат добро и ќе бидат подготвени за пресметката против Аргентина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.