„Кралевите“ за
оваа сезона имаат нов кондиционен тренер, Грегори Дупон е задоллжен за
физичката подоготовка на играчите и очигледно нешто не штима со оглед на тоа
дека за помалку од два месеци се случија дури седум мускулни повреди.
Реал Мадрид
утрово соопшти дека Иско е последното име во болницата на „Бернабеу“, Шпанецот
има повреда на задната ложа на десната нога. Детали не беа откриени, но
медиумите пренесуваат дека фудбалерот ќе паузира помеѓу две и три недели.
Брахим Диаз и Менди заработија мускулни повреди уште
на подготовките на турнејата во Северна Америка. Асенсио исто така заработи тешка повреда
во САД и ги оштети лигаментите на коленото, а ситна повреда на коленото имаше и
Јовиќ кој за среќа одмараше една недела.
По враќањето во
Мадрид, Куртоа го извитка лошо скочниот зглоб, потоа повреда на мускул заработи
Родриго, па Азар, а и Брахим по втор пат се најде на масите за третман.
Изминатиов викенд
и Хамес Родригез отиде во „аут“ откако се повреди против Ваљадолид, а сега на
стартот од подготовките за третото коло и дуелот со Виљареал, Иско доби лоши
вести од лекарскиот персонал.