382
Реал Мадрид се обидува да го продаде Давид Алаба кој не е во плановите на Чаби Алонсо, а добива огромна плата.
Дефанзивецот во моментов е во кампот на репрезентацијата на Австрија која се подготвува за дуелите против Кипар и Босна и Херцеговина, а по мечот во Зеница на 9 септември се очекува да замине за Турција.
Наводно тој е пред трансфер во Бешикташ, преодниот рок во Турција се уште трае, па би можел да потпише за гигантот од Истанбул.
Реал Мадрид дал зелено светло за трансфер.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.