Ал Хилал плати „богатство“ само за да се ослободи од Нејмар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Нејмар и Ал Хилал ја завршија соработката по две години. Саудискиот клуб за 90 милиони евра го откупи Бразилецот од ПСЖ, меѓутоа тој разочара и беше речиси константно повреден.

Заинтересиран за Нејмар сериозно беше неговиот матичен клуб Сантос, меѓутоа не беше подготвен да плаќа обештетување. Поради тоа Ал Хилал се пресмета и реши да го раскине договорот со бразилското крило за тој да може бесплатно да се пресели назад дома/

Сепак, за такво нешто според информациите Ал Хилал потроши вистинско богатство бидејќи му исплати 62 милиони евра за раскинот на соработката. Управата не сакала да преговара и била решена што побргу да се ослободи од Нејмар, па му го исплатиле договорот.

Од доаѓањето во Ал Хилал бразилскиот фудбалер одигра само 428 минути…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани