Ако Влаховиќ сака „слобода“, ќе мора да прифати двојно пониска плата во Милан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан го назначи Масимилијано Алегри за нов тренер, а веднаш по неговото доаѓање почнаа шпекулациите за обединување со Душан Влаховиќ, напаѓачот кој под водство на Алегри играше својот најдобар фудбал во дресот на Јувентус.

Според информациите на „Газета дело Спорт“, Милан веќе подготвил понуда која смета дека ќе биде доволна за да го убеди српскиот голгетер да се пресели на „Сан Сиро“. Станува збор за договор вреден шест милиони евра по сезона, што е речиси двојно помалку од платата која Влаховиќ моментално ја има во Торино. Сепак, во пакетот се вклучени бонуси за голови и евентуални трофеи.

Кога станува збор за договор меѓу клубовите, Јувентус бара околу 20 милиони евра, но Милан ќе се обиде да ја намали сумата бидејќи Влаховиќ влегува во последната година од својот договор.

Во Милано веруваат дека Алегри може да ја одигра клучната улога во убедувањето на Влаховиќ, особено ако клубот покаже амбиција да се бори за трофеи веќе оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×