Светското првенство кое треба да се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико е доведено во прашање поради политичката криза создадена од апетитите на Американците да го освојат Гренланд кој ѝ припаѓа на Данска.
Последните информации велат дека дел од европските селекции се подготвени да го бојкотираат Светското првенство доколку Трамп го нападне Гренланд.
Тука се најголемите Германија, Англија, Франција и Шпанија, а веројатно во бојкотот им се приклучиле и останатите европски репрезентации, барам најголемиот дел од оние кои ќе учествуваат.
Доколку едно такво сценарио навистина се случи, тоа ќе значи и дека Мундијалот нема да се одржи со оглед на тоа што најголемиот дел од селекциите кои учествуваат се од Европа и нивното значење е пресудно.
Засега ова се само медиумски шпекулации, но тие се базираат на извори блиски до земјите.