Бомбастична вест пренесе „Ел Национал“ поврзани со Ерлинг Халанд и неговата иднина во Манчестер Сити.
Наводно, Норвежанецот е разочаран од сезоната на тимот во Премиер лигата и раната елиминација во Лигата на шампионите. Според пишувањата, Халанд дури е подготвен за заминување ако ситуацијата не се подобри.
Имено, доколку Манчестер Сити не успее да се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона, Халанд наводно ќе побара трансфер, а како можна опција се споменува Реал Мадрид.
Манчестер Сити во моментов е петтопласиран со 48 бода и е во „гужвата“ на табелата бидејќи четвртопласираниот Челси има еден повеќе, а седмопласираниот Брајтон има 47, додека зад нив следат Фулам и Астон Вила со по 45 и десеттиот Борнмут со 44. Трката за елитното натпреварување ќе се води до крајот, меѓутоа големи се шансите Англија да добие и петто место поради ранкингот.